НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каде се трошат 1,8 милиони евра кои легнуваат на сметка на Сојузот на пензионери?! – Револтирани членови го напуштаат здружението

Пензионерите влегоа во битка со Здружението, кое наместо да ги застапува нивните интереси, застана на страна на Владата. Се бараат оставки од актуелното раководство, кое само собира чланарини. Нешто помалку од два милиони евра легнуваат годишно на сметката на Сојузот на пензионери, кои не се знае каде точно се трошат. Дел од пензионерите револтирани со изјави на нотар го напуштија Сојузот. Масовни протести имаше и денеска скоро во сите градови низ Македонија.

Пензионерите се посиромашни, а здруженијата кои ги застапуваат се побогати. Повеќе од 1,8 милиони евра годишно се слеваат годишно  на сметка на пензионерските здруженија, пари кои на пензионерите им се земаат како задолжителна членарина од пензиите. највозрасните граѓани  се чувствуваат изиграни,  зошто  наметсо поддршка од Сојузот, добија шлаканица. Незадоволни членови со изјави на нотар ги напуштаат здруженијата.

Верче Јанческа од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери прашува за кого работи претседателката и за кого постои.

  • После таа нејзина изјава, денеска пензионерите беа видно револтирани и бараат поригорозни мерки. Една од тие мерки е укинување на чланарината што ја плаќаме од 180 денари и тоа со заверка на нотар. Нашите прилепски пензионери денеска се упатија кон нотар за да бараат со потпис да се скрати чланарината, која што ни ја задржуваат тогаш кога нема да ни задржуваат чланарина немаме потреба од Здружение на пензионери, Фондот ќе си ја брка работата,“ изјави  Јанческа од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери.

Каде конкретно се трошат парите од чланарини, претседателката на Сојузот не одговори прецизно.

И денеска низ цела држава пензионерите масовно излегоа на протетси и повторија дека не отстапуваат од своите барања. Велат пензиите се премногу ниски едвај се издржува месецот – побараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата. Дополнително велат потребно е покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. Најавуваат дека в понеделник ќе дадат поддршка на протестот во Скопје. 

Трајкова, пак, побара да се стрпат до септември, тогаш ќе се преговарало со Владата.

  • Начинот на моето работење не е на улица и на такви протести. Начинот на моето протестирање е да работам и да ги решавам барањата на пензионерите како и до сега а а нив добро им е познато бидејќи овој дел што протестира не ги претставува сите пензионери да се решава преку институционален пат,“ изјави Трајкова.

Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во декември лани, 314.368 пензионери се согласиле да им се запираат пари од пензиите за Солидарниот фонд како посмртнина, а со тоа се согласиле да плаќаат и членарина на здруженијата. Дел од пензионерите, пак, немаат никаква корист што им се запираат 30 денари месечно за членарина, зашто некои добиваат само календар за празници или учество во пензионерски игри.

Инаку, секој месец по овој основ, во Сојузот на пензионерите легнуваат над 150.000 евра, или годишно од пензионерите од членарина стигаат близу 2 милиони евра, пари, што според пензионерите, заминуваат во приватни џебови.

Борис Грујоски