Каде исчезнаа тие 100 илјади Бугари кои Софија тврди дека живеат во Македонија? – Ги нема ниту тие 3054

Каде се Бугарите кои Македонија треба да ги внесува во Уставот? За парламентарни избори кои ќе се оддржат утре во Бугарија, од Македонија, за да гласаат онлајн се пријавиле само 181 лице. Бугарската изборна комисија ги објави и со име и презиме на нивната официјална веб страница.

Најмногу од пријавени се во Прилеп – 46, Кавадарци – 45, Велес – 42 лица. Во Охрид се пријавиле седум, за да гласаат во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени девет, во Струмица 22 и во Штип -двајца. Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани.

За разлика од Македонија, во Албанија се пријавиле 245 лица, во Србија 147, во Грција 795, во Босна 74, Црна Гора 7, Хрватска 34. Најмногу пријавени има во Турција – 26.019.

За разлика од овие избори, на минатите беа пријавени 328 граѓани кои сакаа да гласат на 4 април минатата година. На изборниот ден пак во Скопје гласаа 130 лица, во Охрид – 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70.

Овие бројки очигледно се далеку од оние кои на последниот попис се изјаснија како Бугари кои живеат во Македонија, а такви беа 3504, а уште подалеку од оние 100 илјади како што тврдеа бугарските власти.

Инаку, утре во соседна Бугарија ќе се оддржат четвртите по ред избори во последната година ипол. Последната коалициска влада на Кирил Петков успеа да се задржи на тронот само седум месеци. Сега, во трка за повеќе места во 48-мото Народно собрание на Бугарија се 29 партии и коалиции.

Но сепак, прогнозите за формирање стабилна влада во Бугарија по изборите се песимистички, бидејќи се во време на економска и енергетска криза кај источниот сосед, меѓународни случувања и војната во близина на границите на земјата. Политичките аналитичари оставаат голема веројатност да се формира експертска влада во Бугарија, која би функционирала една година.

Од друга страна, анкетите покажуваа сигурен влез во парламентот на шест политички формации – ГЕРБ на Бојко Борисов и СДС, Продолжуваме со промените на Кирил Петков, БСП, ДПС, Преродба и Демократска Бугарија.

Викторија Миткова

Advertisements