И учениците од средните училишта остaнаа без учебници

Оштетени и неупотребливи учебници за средношколците- Сојузот на средношколци на Македонија го крена алармот откако две недели учениците во средните училишта сами се снаоѓаат за учебници. Во добар дел од училиштата не се пристигнати учебници, а онаму каде што има биле речиси целосно уништени и неупотребливи.  Според Сојузот, вакви ситуации се присутни во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Делчево и други градови, дури и во некои од најголемите средни училишта.

„Проблемот е особено изразен во стручните училишта, специфично за учебниците по стручните предмети, што создава нееднаквост меѓу учениците. Решавањето на проблемот е оставено на самите ученици, кои се принудени да се снаоѓаат со барање на елекотронски форми на учебникот, учење преку слики од врсниците, или најстрашно фотокопирање или набавување на истите на свој трошок. Сојузот ја смета ситуацијата за апсолутно неприфатлива и строго ја осудува неодговорноста на надлежните институции во нивното справување со проблемот. Не може незавршената дигитализација да се користи како изговор за немањето на учебници“, реагираат од Сојузот на средношколци.

Средношколците  алармираат дека мора да им бидат обезбедени учебници како основна алакта за одржување на непречена настава кои мора да бидат бесплатни, а не да трошат сопствени пари за да обезбедат материјали за учење . Тие се повикуваат  на  Членот 44 од Уставот кој јасно превидува дека секој има право на образование, достапно за секого под еднакви услови, а основното образование е задолжително и бесплатно. За проблематиката во средно образование, до сега од МОН ни трага ни глас.

Проблемите во образованието не застануваат тука . Ако средношколците добија искинати учебници, основците веќе трета недела откако почна учебната година  воопшто и немаат учебници . Наставниците и учениците се во тотален хаос, а од Министерството до сега слушаме само убедувања дека се ќе биде во ред.

Според последната информација од МОН, учебниците за учениците од 1-5 одделение  доцнеле бидејќи се вратени на резенција кај авторите па потоа ќе се печателе, а кој ќе ги печати тоа е друга мистерија иако според шпекулаците во јавноста, се поочигледно е дека повторно тоа ќе биде омилениот „муштерија“ на власта , фирмата „Арберија Дизајн“.  Во меѓувреме основците добивале материјали од Бирото за развој на образование.

Кристина Алексиеска