И Србија ја зафати силно невреме, затворен белградскиот аеродром

По Словенија и Хрватска, силното невреме вечерва пристигна и во Србија, кое доведе и до привремено затворање на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Српските медиуми јавуваат за штети во повеќе градови, како Белград, Нови Сад, Панчево, Лозница и Сремска Митровица.

Поројниот дожд е проследен со грмотевици и оркански ветер, кој уриваше дрвја, покриви и кранови. Во одделни делови од земјата снема струја.

Поради изразено неповолните временски услови, привремено е затворен аеродромот во Белград, при што постои можност и за откажување на некои летови, објави „Ер Србија“.

Во денешното силно невреме во Словенија загина едно, а во Хрватска три лица, од кои две во Загре

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста