И со 4 милиони годишно пукаат цевки: Поплава уништи докази на СЈО за Империја, Триста и Шпион

Се поплавиле просториите на Специјалното јавно обвинителство. При пукање на цевка од парно во подрумските простории на СЈО минатата недела, била уништена документацијата за три предмети, Империја, Триста и Шпион.

Веста беше објавена синоќа во емисијата 360 степени на Алсат-М, а со молњевита брзина се рашири на социјалните мрежи.

Буџетот на СЈО е околу 4 милиони евра годишно.