И најскромниот дочек на Нова година ќе „голтне“ повеќе од една плата

Новогодишната тршеза годинава ќе буде далеку посолена за разлика од минатите години . Без разлика дали во домашна атмосфера или пак во кафеана, за ногодишната ноќ ќе треба да се одвојат далеку повеќе пари за разлика од лани. Понудите за најлудата ноќ годинава во скопските кафеани и ресорани се движат по 3000 денари и повеќе . Што значи дека за двајца да прослават Нова Година во ресторан потребни ќе се нешто над 100 евра. Понудите предвидуваат неограничена храна и пијалоци но, само од одреден спектар , ако ви се пие нешто надвор од понудата ќе си платите дополнително. Храната, е сведена на ордевери и закуски .  Веројатно и затоа поголем број граѓани ќе си останат дома. Оние кои сами ќе си ја подготват последната вечера за годинава веројатно ќе ги чини поевтино од во ресторан ама поскапо од лани.

На домашното мени за Нова Година неизбежна е  традиционалната руска салата. Мастрафот ќе ве чини околу 800 денари, свинското месо за килограм чини од 440 денари нагоре, телешкото од 600 денари , меленото месо од 400 денари нагоре. А поскапа ќе биде и сармата, со оглед на поскапите цени на зеленчукот.  Од почетокот на годината цените во маркетите драстично поскапеја, а поголемо намалување се уште не се случи .

Килограм кашкавал                                           500 денари

Килограм шунка                                                  300 денари

Свинско месо                                                       + 450 денари

Телешко месо                                                      + 600 денари

Масло                                                                     109 денари

Ориз                                                                          93 денари

Брашно                                                                     125 денари      

Трпезата ќе чини поскапо и можеби ќе биде поскромна со оглед на тоа дека потрошувачката кошничка во ноември беше над 51 илада денари, а просечната плата стигна до 33104 денари, но ја изеде инфлацијата. Сепак , иако поскромно, граѓаните нема да изостават и годинава да ги стават традиционалните јадења на маса и колку – толку да го почувствуаат духот на Новата година.

Кристина Алексиеска

Advertisements