И натаму расте неизвесноста на јужните граници на САД

Гувернерот на Тексас Грег Абот распореди повеќе од 500 војници на Националната гарда, заедно со државната полиција и агенти на граничната патрола, в долж бреговите на Рио Гранде во клучниот дел од границата познат како „Чивахуита“, област помеѓу Ел Пасо, Тексас и Сиудад Хуарез, мексиканскиот град преку границата.

Војниците го обложуваат брегот на реката со бодликава жица за да ги спречат мигрантите да влезат во САД преку неовластените влезни точки.

Но, со оглед на тоа што членот 42 сè уште е на сила, што овозможува итно протерување на повеќето имигранти, овластените влезни точки се исто така затворени за сите намери и цели.

Во меѓувреме, непрофитните организации велат дека немаат простор во нивните засолништа за сместување на мигрантите кои веќе влегле во САД во близина на Ел Пасо.

„Моравме да ја отстраниме книжарницата, да ги расчистиме ходниците во нашата црква, за да можеме да обезбедиме засолниште, особено со моменталните временски услови. Не сакаме луѓе на улица. Но, побарувачката го надмина нашиот капацитет. Отворивме магацин преку улицата, каде што преселуваме многу семејства, мажи и жени, исто така. Се трудиме да им го дадеме најдоброто што можеме“, вели Руби Товар Ривера од непрофитната организација.

Заедницата продолжува да помага со донации, додека мигрантите продолжуваат да бараат засолниште од ниските температури во регионот.

Многумина овде велат дека не им пречи пренатрупаноста се додека имаат покрив над главата и место каде што можат безбедно да спијат.

„Да, тука е многу тесно, знаете на што мислам? Делумно е тешко, но и добро. Судбината бара од нас да се смириме и да работиме. Барем јас сум тип на човек кој би сакал да работи за да му обезбедам на семејството напредок“, вели мигрантот од Венецуела Хумберто Балбоа.

Гувернерот Абот рече дека ќе го зајакне обезбедувањето на границата додека не се донесе конечната одлука од членот 42.

Јованчо Наумоски – Глас на Америка – Вашингтон

Advertisements