И заменичката на Арсовска, поднесе оставка. Градоначалничката прави весела математика за мнозинство во Советот

Градоначалничката Данела Арсовска остана без заменик. Нејзината одлука да се зближи со „огнената група„ на ДУИ ја натера заменик-градоначалничката Бујаре Абази, која дојде како предлог на Алијанса за Албанците, да си даде оставка. Причината што ја наведе е токму зближувањето на Арсовска со ДУИ.

–На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, Договорот со Арсовска се прекрши со тоа што таа назначи директори од редовите на ДУИ. Не е морално јас како член на Алијанса за Албанците да бидам дел од раководството на Градот. Ќе продолжам да дејствувам како советничка во Советот на Град Скопје, рече Абази.

По разводот со ВМРО ДПМНЕ, Арсовска вчера го соопшти новиот избор на директори, каде се поставени луѓе директно врзани со огнените од ДУИ. На чело на Паркови и зеленило ќе биде Зухејр Реџепи, син на поранешниот Реис на ИВЗ кој е дел од огранокот на ДУИ во Сарај, а со Улици и Патишта ќе раководи Саид Саид кој доаѓа од огранокот на ДУИ во Чаир. Двајцата блиски со Изет Меџити, предводникот на битката против Артан Груби. Овој потег на Арсовска во јавноста веднаш беше протолкуван дека е направен во замена за пет советнички места во Град Скопје, кои и се потребни на градоначалничката по кавгата со ВМРО-ДПМНЕ.

Јас не ги знам точните бројки во Советот за да можам да тврдам но ако тие се исполнуваат тоа значи дека тоа се движи во тој правец, Ако таму бројки ја поддржуваат сигуро е дека тоа се движи во тој правец. Затоа што на градоначалничката сигурно и е потребно во Советот да има поддршка. Релациите на ГРОМ кој ги има со ВМРО- ДПМНЕ се повеќе од јасни по однос во општина КАрпош така да можеби се движи во тој правец, така да се надевам дека посвтеноста на градоначалниците во Советот за доброто на граѓаните да изостанува затоа што не се и битни тие политички поени и се надевам дека ќе ја надминат таа политика дека и личните односи им се поважни од крупните и општествените, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

Низата оставки во Градот Скопје почнаа со разрешувањето на доскорешниот в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и на генералниот секретар на градот, Ѓоко Велковски поради, како што кажа Арсовска,  сомнежи за влијание во тендер за пречистителна станица вреден 136 милиони евра. По овој скандал еден по еден оставки си дадоа речиси сите директори на Јавните претпријатија.

Кристина Алексиеска

Advertisements