И денеска молк од Владата: Кој плати и зошто ќерката на Ковачевски го придружува во Рим и Ватикан

Кој го плати патувањето на ќерката на премиерот Ковачевски во Ватикан? Замина ли на товар на буџетот и на основа на кои протоколи и таа отпатува со македонската делегација? Од Владата и денеска молчат.

– „Без разлика што тој лично мисли, сепак ќерка му не е принцеза во оваа држава па да има протоколарна улога. Додуша да… има уште еден ваков случај на злоупотреба и тој воопшто не е ласкав за споредба, но е илустративен за многу состојби во државава. Ај… барем се прошетаа… ќе има со што да се фалат и да раскажуваат на училиште… “ – Напиша на Фејсбук Оливер Шамбевски – Поранешен амбасадор на Македонија во Рим.

Инаку неодамна, во службена посета на Ватикан, своето дете си го понесе и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Воедно, ќерката на премиерот на аудиенцијата кај Папата Франциск била облечена во фустан на креаторката Тања Кокев. Ова го објави самата македонската дизајнерка на социјалните мрежи заедно со фотографии од приемот кај Понтифот.

Остатокот од македонската делегација која е во дводненвна посета на Рим и Ватикан се министрите за надворешни и внатрешни работи, за култура, шефот на Кабинет на претседателот на Владата, секретарот за комуникации, директорот на Комисија за односи со верските заедници, ректорот на УКИМ, двајца митрополити на МПЦ-ОА, деканот на струмичка епархија на Католичка црква.

Пред 4 години, македонската јавност ја шокираше скандалот за ќерката на поранешен директор за јавна безбедност, Лазе Велковски, која заедно со неколку другарки со службено возило Ренџ Ровер на МВР, летуваа на популарен грчки камп.

По истрагата на внартрешната контрола при МВР, министерството уште истиот месец го предложи, а Владата експресно го прифати разрешувањето на директорот Велковски.

Н. Ц.

Поврзани вести