И граѓаните не веруваат дека било која од мерките ќе доведе до намалување или стабилизирање на цените

Цените требаше да се качат до плафон за Владата да одлучи да преземе нешто.   Бектеши со  едвај донесената мерка за ограничување на трговската маржа не донесе промени во поглед на цените  и не успеа да го смири револтот кај народот. Граѓаните реагираат, дека ова не е доволно и не очекуваат намалување на цените во иднина.

Министерот за економија повторно со уверувања дека е целосно посветен на справување со економската криза. Вели, денес немало намалувања зошто се уште не биле доставени новите цени од производителите и дистрибутерите. Според Бектеши намалување на цените ќе сме имале од утре.

Денеска е објавена одлуката и согласно тоа производителите и дистрибутерите прават нови цени Денеска треба сите производители да достават нови цени до ланците на супермаркети и да почне тоа да се имплементира, рече Бектеши.

 Додека бизнис секторот алармира дека е пред колапс,  министерот уверува дека производителите не се соочувале со зголемени оперативни трошоци откако престанале да важат мерките на ограничување на трговска маржа и нула проценти ДДВ на 31 мај  и дека ваквата мерка ќе била доволна да ги намали набавните цени на производите.