И без стратегија сме успешни, власта контра ревизорскиот извештај за ТИРЗ

Без стратегија и со многу неправилности констатирани од Државна ревизија на адреса на ТИРЗ . Иако Законот предвидува, Македонија пет години нема стратегија за привлекување странски инвестиции, а изештајот констатираше дека активностите за привлекување на странските инвестиции во периодот од 2017-2022 не биле вклучени во стратешките приоритети на Владата.. Дополнително,  основани биле и зони кои не се функционални, а во кои од буџетот на ТИРЗ вложени се средства за инфрастуктура и експропријација на земјиштето

Според директорот на ТИРЗ ,  допрва се правела стратегија, иако тој личнио сметал дека не ни била потребна зашто сме биле успешни и без тоа, а го поздравува извештајот кој спроед него не констатирал негативности

  • „Точно е дека законски мора да имаме Стратегија за привлекување странски инвестиции, но јас лично сметам дека и без неа, добро работиме. Подготвуваме сериозна реформа во овој сегмент. Се работи на Единствен национален инвестициски сервис, а се подготвува и новата методологија за доделување на државната помош“ – најави Деспотовски.

Но, наспроти тврдењата на Деспотовски , Државниот ревизор предупредува на отворен ризик за работата на ТИРЗ и отвора сомнеж за доделувањето државна помош.  Ревизорите констатираат склучување договори со преговарања во кои се вклучени повеќе институции и државни органи. Ревизија предупредува и за нетранспарентно објавување на годишни сметки. И од опозицијата бараат одговори за начинот на работа на ТИРЗ , о и најавените и нереализирани  странски инвестиции.

  • Ковачевски и Деспотовски треба да и објаснат на јавноста зошто имаа неколку раскинати договори со странски директни инвестиции кои ги најавија меѓутоа никогаш не се реализираа. До каде е реализацијата на e.GO во Тетово каде што беше ставен камен темелник и беше промовирана како компанија која што ќе произведува електрични автомобили. До каде е Американската компанија “Jennmar” од Питсбург во Жабени заради која дел од зоната Жабени се пренамени во ТИРЗ и каде е Rechi&Sons во Струга? Каде е турската компанија Mepsan во Скопје 1 или Јужно корејската инвестиција „Almak” во Скопје 2 зоната?“ прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За Деспотовски , 2022 завшила повеќе и од успешно, а во новата година сме влегувале со успех.  – најава за  уште една  инвестиција вредна 40 милиони евра во ТИРЗ Штип од комапнијата Магна интернатионал што би требало да отвори 600 работни места.

Кристина Алексиеска

Advertisements