ИЏЕ СО ПОДУМ НА ДЕНЕШНАТА ТРКА ОД ТЦР ШАМПИОНАТОТ КОЈА СЕ ВОЗЕШЕ НА ПАТЕКАТА ВО ИМОЛА

Подиум за Игор Стефановкси Иџе на вторта трка од ТЦР шампионатот кој викедов се вози во Италија. Нашиот најдобар автомобилист по вчерашниот неуспех кога излета од патеката во шестиот круг, денеска иако стартуваше од последната позиција, успеа да завшри на третото место. На осум минути пред крајот на трката на патеката Имола, Иџе успеа да се избори за позицијата која и му го донесе местото на подиумот,  чувајќи ја прендоста до самиот крај.