ИЈЗ: Хотели, приватни домови и шанкови на брегот го загадуваат Охридското езеро, пливаат фекалии
Фекалии се влеваат дирекно во Охридското езеро на делови од крајбрежјето од Свети Наум до Радожда каде не постои колекторски систем, нити функционални канализациони ситеми, туку септички јами кои се празнат во езерото.Хотелско-угостителските објекти и туристичките населби вдолж Охридското крајбрежје од хотелот “Десарет”,се до “Св. Наум”, иако се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во манастирскиот комплекс пред 10 години,истиот не функционира. Постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и не се врши хлорирање на отпадната вода која непрочистена се испушта и претставува директен загадувач на езерото.Во обемниот извештај кој го објави Државниот инспекторат за животна средина, повикувајќи се на лабараториските анализи и увиди од Иститут за јавно здравје на Република Македонија,меѓудругото стои и дека потенцијални загадувачи се и шанкови поставени на самите плажи,потоа испустните цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат во Охридско , во кои намерно или не, се приклучени отпадни фекални води од страна на колективните станбени згради и приватни куќи. Присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи не само во туристичките селски населби туку и приватните куќи во центарот на градот,од плажата Сараиште до црквата Св. Софија па се доприобалниот дел на населба Канео.
- “Не треба воопшто да се бавиме со оваа проблематика,секој треба да си ја работи работата онака како што треба и доколку колекторот бил проeктиран за 40.000 жители и не знам колку туристи кои што доаѓаат, сега имаме многу поголемо оптеретување, мора и урбанистичкиот дел да биде компатибилен со овој дел на оптеретување на водоводниот, канализацискиот систем,на колекторискиот систем”-вели САШО ТОЧКО,директор на охридскиот Центар за јавно здравје.
Градоначалникот Пецаков, вели ваквиот извештај е тенденциозен и небулозен и му штети на Охрид.
- “Ако толку тој инспекторат за животна средина работал и функционирал на приницип како што овој пат се одлучиле да го направат тоа,има државно јавно претпријатие ‘’Колектор’’ кое постои 4-5 години и имале можност сите овие работи да бидат санирани,а не во почеток на туристичка сезона да вадат извештаи кои што не соодвествуваат со квалитетот на водава во моментот.Или само сензибилизираат јавност”-вели Пецаков.
Од охридскиот Центар за јавно здравје смируваат, водата во Охридското езеро е од прва и втора класа ,таа не е микробиолошки загадена и е добра за капење,спорт и рекреација.Бидејќи станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата.
Росица Голабоска