Италија со закана дека ќе затвори аеродроми ако Германија одлучи да депортира мигранти

Италија се закани дека ќе ги затвори аеродромите откако во новински извештаи се појави информација дека јужната германска провинција Баварија се подготвува за масовна депортација на мигранти на италијанска територија.

– Ако некој во Берлин или во Брисел планира да ни ирпати десетици мигранти со неовластени чартер летови, тој мора да биде свесен дека нема да има аеродром што ќе биде на располагање, рече италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

-Ние ги затвораме аеродромите исто како што веќе ги затворивме пристаништата, рече тој.

Официјални лица на аеродромот во Минхен изјавија за ДПА дека баварските власти ја планираат првата депортација во Италија во текот на следните денови, во која ќе бидат вклучени и мигранти кои пристигнале на германската граница, но првично се регистрирани во Италија.