Истражување на „ИПИС“: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка кај граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговата партија со најголема поддршка кај граѓаните, покажува анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје. Доколку сега би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 19,7%, СДСМ 12,9% и ДУИ 6% од гласовите. 24,9% од граѓаните, не би гласале за ниту една партија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

На прашањето, за кој политичар би гласале, најголема доверба има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 13%, по него следува првиот човек на ДУИ Али Ахмети со 6,2%, а актуелниот премиер Димитар Ковачевски има 5,2% од гласовите.

Што се однесува до американските тимови кои доаѓаат во Македонија за сузбивање на корупцијата, граѓаните рекле дека „Тоа е сигнал до власта дека целосно потфрли на овој план“, односно така сметаат 50% од испитаниците, а 20,3% кажале дека „Владата прави напори за сузбивање на корупцијата“.

Во каква насока се движи Македонија, граѓаните рекле дека земјава оди во погрешен правец, односно тоа е одговорот на близу 60% од анкетаринати, а само 24% кажале дека Македонија оди во правилна насока.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението, со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Последната анкета на ИПИС е спроведена телефонски, во периодот помеѓу 11 и 14 декември 2022 на 1.117 полнолетни испитаници на ниво на цела Македонија.

Борис Грујоски

Advertisements