Истрагата на ОЈО за загадување на животната средина и природата“ заглавена во Дрисла

Истрагата на јавното обвинтелство една година како е заглавено во ѓубрето на најголемата скопска депонија. Истрага за тоа што се гори на Дрисла отворија во јануари лани, но и по една година нема одговор од скопското обвинителство каков резултат дала истрагата.

Еко активистите и граѓаните утре со 15 минутна блокада на Дрисла ќе ги предупредат инспекторите и надлежните дека мора да контролираат што се гори на депониите и од каде потекнува загадувањето.  Во екот на енормните загадувања, кога Скопје котираше највисоко на светските листи на загаден воздух, граѓани по социјалните мрежи споделуваа видеа од црн чад од Дрисла, но и од оџаци на фабрки.

Удел со стопанисувањето со Дрисла има и градот Скопје, но градскиот татко Шилегов како и многу пати досега, одговорноста за загадувањето ја префрли на друг. Надлежни биле од инспекторатот за животна средина .

Депонијата Дрисла работи со полна пареа, при што во 2018 година биле согорени околу 989 тони медицински отпад. Бројките на согорениот медицински отпад во Дрисла во ниту една година не се совпаѓаат со пријавените количини на медицински отпад од страна на здравствените институции.

Мери Ѓорѓиевска