Исто ветување од лани-Градоначалникот Шилегов им вети нови возила на скопските пожарникари

Градоначалникот на Град со истото ветување од лани. На денот на пожарникарите, Петре Шилегов повторно им вети ноа опрема и противпожарни возила.

Изминатата година беа вработени 19 пожарникари од 50 ветени, градоначалникот Шилегов вели дека немало доволно ресурси за повеќе вработувања

За нормално функционирање на Тероторијалната противпожарна едниница во Скопје како најголема ваква единица во државата, потребни се најмалку 260 до 270 пожарникари. Шилегов ветува 50 нови вработувања, но не одговори дали ќе има покачување на платите во овој сектор.

Противпожарната служба во Скопје треба да брои 385 пожарникари, а во моментот таа располага со 190 обучени оперативци, кои со новопримените достигнуваат бројка од 209 пожарникари.

Возниот парк на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје го сочинуваат 50-тина возила, од нив најголем дел се возила од 1973 година кој кои се уште се во возна состојба..Дел од нив се наменети за гаснење пожар во урбана средина, за пожари на отворен простор и за пожари во приградските населби. Последното возило што е купено од Град Скопје е од 2005 година.

Јована Грчева