Историја на Северна Македонија?!- Комисијата одржа нов состанок, извештајот од претходниот се уште се крие

Дали се предлагала или пак се разговарало за историја на Северна Македонија? Девет дена одговор нема, се уште никој не открива дали тоа било тема и што воопшто се разговарало на Комисијата за класификација на научните области според Фраскатиевата меѓународна класификација. Од професорката Билјана Ристовска Јосифовска, која беше посочена дека го турка предлогот за историја на Северна Македонија, со поддршка на Драги Ѓоргиев, повторно го побаравме извештајот, на како и во претходните обиди минавме без успех, извештајот се уште се крие.

-Дали може како да ни биде доставен записникот од состанокот на Комисијата, со оглед на тоа што поминаа веќе девет дена од неговото одржување?, е прашањето кое го поставивме до професорката.

Што се разговарало на минатиот состанок пред очите на јавноста се уште не се открива, а Комисијата си одржа и нов.

Додека Алфа се уште го чека извештајот од состанокот одржан пред девет дена на Комисијата со компликувано име и одговор на прашањето дали можеби се разговарало или предлагало историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија, денеска оваа Комисија тука на земјоделскиот факултет одржува нов состанок, но извештајот кој што го баравме се уште го нема и од претходниот состанок.

За разлика од минатиот вторник, на факултетот за земјоделство денеска беше многу пораздвижено, имаше професори од повеќе факултети, најголем број од Правниот и Безбедност.

-(ДАЛИ ИМАТЕ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ШТО ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ИЛИ НЕ?) Па за…. научните области, кратко ни одговори еден од професорите.

Одредени професори незадоволни од работата на Комисијата во повеќе сегменти, дојдоа да видат што воопшто работи истата.

-Ова е катастрофа луѓе. Ова е самоукинување, ние безбедност проучуваме 50 години, они скенирале пет научни области, ова е дно. Нависитна ова треба да се адресира, ноември си донеле некој правилник, ставиле таму 5-6 области право, медиуми, практично правен факултет тие што се членови. Ова е многу пошироко од само историја, ова е трагично, изјави еден од професорите.

Инаку според информациите на Алфа, пред телото со компликувано име постоел предлог историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија. Според нашите информации во предлог – верзијата воопшто нема област историја на македонскиот народ, а ако биде прифатена, тогаш македонската историја од средниот, новиот век и така натаму би станала историја на Северна Македонија во сите историски периоди, со што дефакто би станала географска, а не национална историја на Македонците.

Инаку Билјана Ристовска Јосифовска, професорката која беше посочена дека го турка овој предлог е и дел од Комисијата за употреба на имињата на здруженија и фондации, која се уште не може да заживее бидејќи од неа сега се повлекоа само два члена, а покрај Ристовска Јосифовска остана уште Драги Ѓоргиев и Аркин Јахији од Министерството за правда. Академик Живко Попов се повлекол бидејќи е уролог и се чувствувал некомпетентен да учествува во работата на ова тело, додека Антонио Павловски се повлекол поради менување на работното место.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста