НАЈНОВИ ВЕСТИ

Историчарите со критики до власта: Резолуцијата за Илинден популизам и доказ за погрешните политики

Поднесувањето на резолуција за Илинденското востание до собранието кое го најави СДСМ може да отвори нови историски проблеми кои имаат фундаментално значење за македонската историја, имајќи ги во предвид бугарските условувања, предупредупредуваат дел од историчарите. Професорот Митко Панов предупредува дека Македонија го плаќа цехот за погрешните политики на власта кон билатералниот спор со источниот сосед и критикува за отсуство на државна програма за празникот Илинден:

Резолуцијата е против одговор за она што се случуваше деновиве во бугарскиот Парламент ја потврдува погрешната политика и концепт на заедничката историја произлезена од пријателскиот договор за добрососедство со Бугарија, а кој треба да го легитимира Комисијата за историски прашања. Комисијата која меѓу другото треба да го брани овој политички концепт. Дали иницирањето е признане дека и во иднидна би се отвориле нови историски проблеми кои имаат фундаментано значење за историјата на Македонија, со внесувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ имајќи ги во предвид билатералните пртоколи и условувањата, вели професорот Митко Панов.

На иста линија е и професорката Наташа Котлар Трајкова. Таа вели дека потегот на владејачката СДСМ е чист популизам, но и не познавање на нашата историја.

Фактички тоа значи две работи, колку не ја знаат македонската историја и македонската колективна меморија. Друго тоа значи и дека се заплеткаа во потпишувањето на договорот со Бугарија, односно шест од 2017-та година. Фактички тоа значи дека и тие не знаат како да се справат со формулацијата заедничка историја. Ако толку многу сакале да носат резолуција, тогаш требало да донесат резолуција како да се поништи таа несреќна формулација заедничка историја и членот осум со ставот еден и два, бидејќи Илинденското востание има големо значење за македонскиот народ, кој се востана, иако беше неуспешно, но беше инспирација за следните македонските борбени генерации, кои што го овозможија создавањето на антифашистичкото народно Собрание во Прохор Пчински на втори август 1944-тата година. И меѓу повеќето одлуки ја донесоа и одлуката која што е државнотворна за прогласување на Илинден за национален македонски празник, вели Наташа Котлар Трајкова, професор Институт за национална историја.

Во пресрет на втори август, партијата на Кирил Петков во Парламентот поднесе декларација за Илинденското востание. Пратеникот на Преродбата Продолжува, Христо Даскалов, во своето обраќање пред Парламентот дури не ги ни спомена Македонците дека биле дел од востанието пред 120 години. По ова, СДСМ најавија дека ќе достават резолуција во Собранието.

Паула Костадиноска