Историска, возбудлива и емотивна: Во сабота на Тв Алфа во 20 ч, втората епизода од серијата за судскиот процес на Гаврило Принцип

На 28 јуни 1914 г, Гаврило Принцип извршува атентат врз австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.

Неговото убиство е повод за започнување на I светска војна и најважниот судски процес на почетокот на 20 век.

Кој ќе го брани убиецот на престолонаследникот?

Ќе се најде ли таков адвокат кој ќе застане зад Принцип пред кого има две врати: доживотен затвор или бесилка?

Серијата која на IMBD има висока оценка од 7.9, “Адвокатот на атентаторот” од втори март во 20:00 часот започна премиерно да се емитува на Алфа!

На втори март беше емитувана првата епизода, која беше вовед во самиот историски настан.

Оваа сабота ќе се емитува втората епизода од вкупно пет кои ја покажуваат битката на младите луѓе, судскиот процес, идеите, но и приказната за поводот и причините за атентаторските дејствија од една поинаква перспектива.

Историска, возбудлива, емотивна. Серијата „Адвокатот на атентаторот“, секоја сабота во 20:00 премиерно на ТВ Алфа.