Ислам Абази со кафе и букет цвеќе ја испрати Вилма Русковска – Фотографиите со ДУИ ми се од свадби

На свадби и прослави се среќавале Ислам Абази и функционерите од ДУИ бидејќи биле од исто село. Официјално новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција откако ја даде заклетвата уверуваше дека ќе гони и носители на јавни функции доколку треба. И покрај фотографиите кои се појави од него со Интегративците, Абази тврди дека сакал планинарење па затоа се фотографирал, а за фотографијата со Фукри Ахмети вели била од некоја прослава. Повторно нагласи дека блиски односи со високи функционери немал, на средбите разговарале за семејни работи а не за предмети.

  • Јас во период на викенди и одмори излегувам и планинарам. Хоби ми се ловот и планинарењето. Во тие делови се среќавам со луѓе и се поздравувам. Искачувањето на еден врв е радосен момент, и се практикуваат слики од формално-правен аспект. Со Бејта таму сме се нашле случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и се знае со господинот Бејта. Тие имаат познанство. Така што, се сретнавме на врвот, и ништо повеќе од тоа. По однос на другите фотографии, јас и моите родители потекнуваме од Зајас. Тоа е село како што знаете и се случува јас и моите родители да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. На таа фотографија со братот на Ахмети, сме повикани на свадба. Сме се сретнале таму, и тоа е. На тие свадби ние никогаш не сме зборувале ни за предмети, ниту пак за политика“, рече Абази – Новиот шеф на ОЈО ГОКК.

Дедо му (таткото на неговата сопруга) сега бил во пензија, вели Абази иако во време на несреќата Руфат Хусеини беше директор на Државниот инспекторат за транспорт како што објави Алфа. Токму во Обвинителството за организиран тече истрага за техничкиот преглед на автобусот на Беса Транс и пропустите кои ги имало кај надлежните институции за агенцијата слободно да си го тера бизнисот. Меѓутоа Абази тоа очигледно за него не е проблем и вети дека ќе ја извршува својата функција без разлика на се.  

Со сега екс шефицата Вилма Русковска остварија средба, но таа не го предупредила за лизгавиот терен на кој ќе наиде бидејќи вели знаел каде доаѓа.

  • Мислам дека на солидни основи го поставив обвинителството и очекувам така да продолжи. Додека не се оперирам јас лично не размислувам што ќе правам понатаму. Советот на ЈО што ќе одлучи јас не знам а за постапките, очекувам кривичната пријава да биде отфрлена и да не продолжи дисциплинската постапка,изјави – Вилма Русковска – Поранешен шеф на ОЈО ГОКК.

Абази пред Советот на јавни обвинители и официјално се заколна дека ќе го почитува законот и ќе гони криминал и корупција во неговиот 4- годишен мандат. Членовите му честитаа и му посака успех во работата како прв обвинител во Организиран криминал и корупција. Искуство да ја извршува функцијата е сигурен дека имал бидејќи како шеф на гостиварското вишо вршел надзор што за него е доволно.

Неговиот избор како шеф беше негативно оценет од цела правна фела. Контроверзни информации за Абази следеа со денови по неговото прво појавување пред јавноста, откако 66 обвинители без да го видат него и 4-годишната програма, која ја впрочем и ја немал, го донесоа на челната позиција во Организиран криминал. Таму сега освен истрагата за автобусот на „Беса Транс“ треба да работи и на онаа за екс директорот на Финансовата полиција.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести