Искршена новата плоча со имиња на бранителите кои загинаа кај Вејце

Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април.
На фотографијата се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќниците, а стои само плочата со имињата оставена од одборот на бранители.
Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на место каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце.
на 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци од Битола – Роберт Петковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски , Илче Стојановски, Бошко Најдовски И Кире Костадиновски.