Иселениците не инвестираат како порано

Печалбарите уште помалку гледаат перспектива во државата па не вложуваат повеќе пари како порано, оценуваат познавачите на приликите.  Нема веќе инвестирање во нови куќи и станови за фамилијата која е овде или пак во почнување на бизниси.

Сега приоритет е социјалниот аспект, односно се доаѓа да се видат со семејството, да одат на свадба и слично, додека за инвестиции печалбарите ќе почекаат подобри времиња.

-Претежно доаѓаат да прават свадби. Ако малку анализираме кој се профитираше, да државата профитира од нив, но и одредени сегменти виделе аир од нивното доаѓање. А тие се златарите, лекарите, забарите и апотекарите. салоните за свадби. Многу малку гледаме дека некој зборува за некоја заедничка инвестиција или нешто да помогне во смисол на на инвестиции во семејството како што порано било случај – вели Мендерес Кучи, Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Зошто се одвикнуваат печалбарите особено од тетовскиот крај да инвестираат повеќе пари во родниот крај,  според соговорникот е во тоа што и на нив им е преkу глава од нефункционирање на државата. Иселениците тоа го согледуваат на сите полиња, а уште при самото доаѓање го чувствуваат на сопствена кожа кога со часови чекаат да влезат во Македонија на граничните премини. Сето ова треба да се промени, за да тие бидат послободни во одлуките да ги остават своите пари тука.

-Лош третман им даваме со тоа што им создаваме разновиднипречки еднаш за секогаш да поминат за половина час. Знаеме кој е периодот, знаеме кој е шпицот, зошто да не се подготвиме за тоа време – вели Кучи.

Се поретки стануваат и примерите некој иселеник по неколку години во странство да реши да се врати и постојно да живеат во Македонија.

Александар Самарџиев