НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Исар“ бара забрана за движење на физички лица околу штипската градска депонија

Да се издаде забрана за движење на физички лица во и околу депонијата, бара од ЦУК, штипското комунално претпријатие „Исар„. Ваквото барање следува откако во рок од десетина денови градската депонија гореше дури два пати. Влезот во депонијата се контролира со видео надзор, но проблем е тоа што не е оградена и пристапот до неа е многу лесен. Ризикот за нови опожарувања е голем.

  • Се повеќе и повеќе е зачестено присуството на неовластени лица кои вршат буричкање во самиот отпад, се со цел да најдат железо и истите тие, често во минатотот биле причина за палење на депонијата„ изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар„Штип.

Во моментот полицијата истражува како вчера дојде до пожар на штипската депонија, кој со помош на ветрот брзо се прошири и неконтролирано се движеше кон селото Софилари.Увид ќе направат и од Инспекторатот за животна средина. Од штипски Исар упатија апел до граѓаните и стопанствениците, да се врши примарна селекција на отпадот.

  • На самата депонија во комуналниот отпад се повеќе и повеќе се одлага и амбалажниот отпад, односно картонот, пластичните фолии, индустрискиот отпад кои би можеле да доведат до палење„ објаснува Зајков.

Палењето на депониите посебно во летниот период е сериозен проблем со кој се соочуваат речиси сите општини во регионот. Пред законот сите се диви и единствено решение е изградбата на регионални депонии.

Александра Ристевска