Инцидент во Албанскиот парламент – Рама полеан со боја на ратификацијата на протоколот

Инцидент во Албанскиот Парламент ја засени ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО. Потпретседателот на опозициската Демократска партија, Еди Палока, истури боја врз премиерот Еди Рама, Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот.

По речиси 10 минутни турканици обезбедувањето по барање на спикерот Грамоз Ручи, го отстранија Палока од собранската сала, а дополнително му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.

По паузата, Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Спикерот Џафери им се заблагодари за поддршката на албанските пратеници, ама наместо на официјалниот јазик, односно македонски, тој се обрати на албански.

-Со денешната ратификација Република Албанија и албанскиот народ уште еднаш го потврдија пријателскиот однос кон Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Бидете сигурни дека секогаш ќе се сеќаваме на ова и секогаш сме знаеле да ги почитуваме и ги цениме нашите вистински пријатели, истакна Џафери.

Ова е 3 ратификација по ред – првата беше во грчкиот парламент која воедно беше и обврска на Атина за целосна имплементација на Преспанскиот Договор. Пред два дена протоколот го ратификуваше и Словенија.

Ивана Соколовиќ Најдова