Инфективна набавила лек за конго кримска треска
Инфективна доби лек за тешка форма на конго кримска хеморагична треска. Заболената болничарка засега не прима од оваа антивурисна терапија бидејќи нема драстично влошување на здравствената состојба.
Директорката на клиниката за изјави дека набавиле одредени количини во соработка со СЗО и Лекари без граници и не е специфичен само за болеста што ја пренесуваат заразни крлежи туку и други вирусни инфекции.
– Не е специфичен само за конго кримска, ние сме го давале и за тешки форми на хепатит ц. Нашата вработена е во стабилна состојба и нема такви параметри за да го прима овој лек. Состојбата и се следи постојано, вели д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.
48 годишната болничарка е хоспитализирана на Инфективна и состојбата и е стабилна со повремено зголемување на температурата. Заразата ја добила од младата жена од Штипско која почина по убод од крлеж. Двата потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска ставија под надзор 39 лица а отворија и можност за политичко препукување во земјата.
Откако на Инфективна стигна антивирусен лек, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со бројни прашања – зошто сега набавка, има ли терапија за овој вирус, а критикуваа и за неработењето на здравствените власти. Почина лице од конго кримска хемогарична треска и вообичаена реакција од надлежните се е под контрола. Се зарази вработена на Инфективната клиника. И повторно се е под контрола. Или 40 лица се под здравствен надзор кои имале контакт со заразената. И се така во круг. Ништо не сопира, ништо не контролираат. Секојдневно сме сведоци само на лаги, реагираат од најголемата опозициска партија. Епидемиолозите со апел до граѓаните да внимаваат кога одат во шумски предели, да носат соодветна облека и да не ги вадат крлежите сами.