Институциите со уште десетина дена рок за доставување на документи до ДКСК

Потребните документи кои ги побара Антикорупциска од државните институции за го истражува потенцијалниот непотизам или судир на интереси при вработувањата на роднини на државни функционери пристигнале до Комисијата.

Сите документи кои ги побаравме се пристигнати, сега ќе ги обработуваме за да испитаме дали има прекршување на законските регулативи.

Од комисијата за Алфа велат дека со доставените документи, започнува проверката на првата тура на 18  оформени предмети по допрен глас.

На два дена пред истекување на рокот документи немаа испратено МВР, Агенција за супервиција,Фонд за иновации, РЕК Битола, но спроед изјавата документите пристигнале на време,па установите нема да одговараат прекршочно.

Неколку денови откако се објавија 18те случаи за потенцијални роднинско- пријателски вработувања, Антикорупциска оформи уште нови 40тина предмети каде ќе се истражува за евентуален непотизам, за втората тура на предмети, од Антикорупциска информираат дека рокот за доставување на документите е уште десетина дена.

Во овие 40 предмети, на списокот кој го формирала комисијата по допрен глас, се имињата и на тројца роднини на министерот за локална самоуправа, внук на директорот на Бирото за јавна безбеднсот, сопругата на Директорот на истражниот затвор.. Се вработиле во МВР, УЈП, Министерството за транспорт.. Антикорупциска почнува истрага и за вработувања на роднини на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ.. Ќе се проверува вработувањето на сопругата на Кирил Божиновски, братучедите на Антонио Милошоски…

И по објавување на скандалите со непотизам, бројката на откази на роднините или пријатели на државните фукнционери се уште не се знае. Министерот за јавна администрација Манчевски вели не ја знаел бројката, но очекувал таа да расте.

Антикорупционерите со полни раце работа, рекоа ќе поведат и 30тина прекршочни пријави за декани на универзитетите заради не доставување на анкенти листови. Дел од деканите ја демантираа оваа инфомацијата која за нив ја спредели комисијата.

Мери Ѓорѓиевска