Институциите си ја префрлаат „штафетата“ за бегството на Груевски

Заев ги правда институциите но не бара одговорност за хаосот којшто настана поради случајот со Никола Груевски. Шефот на Владата денеска се правдаше дека институциите постапиле согласно законските овластувања но не даде конкретни одговори.  Лут е на Груевски дека избегал но не и на институциите кои наместо да си ја вршат работата дозволија хаос. За ова одговорност нема.

А колку е голем хаосот што се создаде покажува и фактот што овие два дена се создаде и вистински раздор во власта. На јавна сцена се вршат препукувања за барања за одговорност и за се што се случи. Кој превиде а кој дозволи 3 дена откако обезбедувањето немало контакт со Груевски да се прави театар во јавноста со полициски потери, претреси и опсади, што директно го пренесуваа и одредени медиуми.  Заев топката ја префрла на судовите.

Во јавноста се множат критиките дека власта демонстрирала неспособност да менаџира.