Институтот за ориз во Кочани пред колапс

Во стара зграда и без опрема за научно истражувачка дејност. Во вакви услови  работат  тројцата вработени во Институтот за ориз во Кочани. Единствениот ваков институт во државата е пред колапс. Иако од 1999 година е дел од Земјоделскиот институт  на УКИМ, повеќе од дваесет години не е вложено ништо. Заборавени од државата, но и од универзитетот секојдневно ја водат битката за опстанок.

Поради немање на финансиска  помош, истражувања речиси и да не се прават, а учeството на конгреси и симпозиуми двајца професори го регулираат од сопствен џеб.

Некогаш во институтот, кога функционирал самостојно, се произведувале и по 1000  тони семенски материјал за производство на ориз.

Александра Ристевска