Нарко тест за пратениците и функционерите-Иницијатива по скандалот со Богоевски, спикерот против

Сите пратеници да подлежат на нарко-тест – по скандалот со пратеникот Павле Богоевски осуммината од независната група на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива бараат Собранието да овозможи доброволно тестирање за употреба на наркотични средства. Според нив не само народните избраници на ваков тест треба да подлежат и носителите на сите јавни функции…

– Сите пратеници доброволно да направат тест злоупотреба на наркотични средства. Бараме Собранието во понеделник да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари актуелни и поранешни функционери, обвинители, градоначалниции и советници да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против употребата на наркотични средства, стои во соопштението од пратеничката група.

Иницијативата стигна и собраниската архива, ама спикерот Џафери нема да ја процесуира, оти немало правна основа за тоа.

– Во законот за пратеници, во Деловникот и Уставот нема правен основ според кој претседателот на Собранието би можел да ја реализира Иницијативата, велат од кабинетот на Џафери.

Иницијативата доаѓа по скандалот со аудио снимката која Богоевски ја потврди како автентична а за која се правдаше дека не нарачувал опојни дроги, туку масло од канабис. Вчера и колегите од мнозинството највија иницијативи за легализација на марихуаната, а од ДУИ пак најавија и ветинг односно контрола за секој пратеник или функционер за контрола во користењето на наркотици.

Пратеникот во полиција поднесе пријава и против таксистот за кој тврди дека го снимал. По признанието на социјалните мрежи Павле Богоевски денеска не сакаше да даде изјава за медиумите.

Вчера Обвинителство преку соопштение вели дека ќе чека известување од МВР за да постапи по пријавата на Павле Богоевски за неовластено снимениот разговор како што тврди пратеникот. Министерот Спасовски пак вели дека тоа што Богоевски е пратеник не го прави привилегиран, туку напротив му носи поголема одговорност. Дотогаш МВР ќе ја истражува снимката во која Богоевски договара купување на нарокотични средства и ќе утврдува дали е сторено кривично дело.

Ивана Соколовиќ Најдова