Индонезија: Чувари пуштиле затвореници на молитва, 113 избегале

Повеќе од 100 затвореници избегале од затвор во западниот дел на Индонезија откако ги совладале стражарите за време на молитва, соопшти денеска локалната полиција.

Вкупно 113 лица избегале синоќа кога сите 720 затвореници биле пуштени од ќелиите за да учествуваат на вечерна молитва, соопштија властите. Полицијата наведува дека бегалците, од кои повеќето биле осудени за дела со наркотици, очигледно го планирале бегството.

Тие ја пробиле жицата користејќи тегови и метални шипки и избегале преку оризови полиња.

Еден стражар е полесно повреден, 26 затвореници веќе се фатени, а полиција трага по останатите.