Индексот за родова еднаквост во Македонија бележи напредок
Македонија има напредок и е на добар пат да воспостави родова еднаквост. Во одредени области сме успешни, а во некој не. Ова го покажува новиот индекс за родова еднаквост.Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска вели дека треба уште многу да се работи на креирање нови политики за да може тоа подобрување да биде поголемо и да може да кажеме дека во државата подеднакво се почитуваат правата и на жените и на мажите.
Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека родовата преспектива во последнава деценија станува се по приоритетна.Истакнувајќи дека ДЗС во секое време стои на рапсолагање за статистичките податоци од оваа област.
“Токму затоа проектите од овој тип се исклучително важни за подигнување на свеста за важноста на родовата еднаквост и за градење на мрежа и поврзување на институциите, кои треба да ја имплементираат и спроведуваат оваа родова перспектива во своето секојдневно работење” посочи Симовски.
Дека индексот за родова еднаквост е важен истакна и амбасадорката на Шведска во Македонија. Таа потенцираше дека родот е присутен во сите аспекти на живеење.
Според Ивона Паунович Бишевац, национална координаторка на програмата за РОБ, во Македонија, индексот на родовата еднаквост не е само грубо рангирање. Тој овозможува да се процени што е тоа што води кон напредок и што би можело подобро да се направи.
Ања Лукарова