Имам осомничен за помагање џихадисти, полициска рација во џамија во Берлин

Германските власти соопштија дека во вторникот полицијата во Берлин пребарала џамија во рамките на истрагата против имам осомничен дека собирал пари за помош на исламстички борец во Сирија.

Канцеларијата на берлинскиот обвинител наведува дека 45 годишниот Ахмад А., чие презиме не е објавено заради заштита на приватноста, бил мета на рацијата во џамијата Ас-Сахаба во квартот Вединг во германската престолнина.

Обвинителот во твит навел дека Ахмад А. кој проповеда под името Абул Бараа, осомничен е за финансирање на тероризам и испраќање пари на “џихадистички борец за набавка на воена опрема“.

Портпаролот на канцеларијата на обвинителот, Мартин Стелтнер за Асошиејтед Прес изјавил дека никој не е уапсен и оти рацијата во џамијата и други локации имале за цел собирање докази за истрагата на канцеларијата.