Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините во Дерна

Жителите и спасувачите во уништениот либиски град Дерна се обидуваат да се справат со илјадниците трупови кои се распаѓаат под урнатините.
Светската здравствена организација и другите хуманитарни групи ги повикаа властите во Либија да престанат да ги закопуваат жртвите од поплавите во масовни гробници, велејќи дека тие можат да предизвикаат долготрајна емоционална болка за семејствата или да претставуваат ризици по здравјето ако се во близина на вода.
Во извештајот на ОН се вели дека повеќе од 1.000 луѓе се закопани на тој начин откако Либија, нација поделена со децениски конфликти и политички хаос, беше погодена од силен дожд што предизвика пукање на две брани.
Според последните информации, бројот на загинати се искачил на 11.300, а по најмалку 10 000 луѓе се трага.