Илјадници луѓе бегаат од шумски пожари во Калифорнија

Во планините во јужниот дел на американската држава Калифорнија, брзо се разгорува шумски пожар за кој се смета дека е подменат од сериски потпалувач.

Повеќе од 3.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во округот Риверсајд, а пожарникарите се борат да ги спасат куќите што се наоѓаат на патот на огнената стихија. Во градот Хемет во средата е уапсен 32-годишен маж кој е обвинет за предизвикување неколку пожари.

Шумски пожар гори и во северниот дел на државата, во планинска област на округот Шаста, северно од Сакраменто. Досега изгореа 8.000 хектари шума, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови. Огнот се движи кон градот Рединг со 90.000 жители, кои се предупредени да бидат подготвени за евакуација.

Во двата погодени окрузи објавена е вонредна состојба.

Ситуацијата ја усложнуваат високите температури (37 степени), силните ветрови и ниската влажност во регионот.