Илјада хектари не се посеани во ориз затоа што нема вода!

Доколку за една недела не посееме, ќе ја тужиме државата и Водостопанство, се заканија неколкумина оризопроизводители од Кочанско. Тие тврдат дека стотици хектари во атарот на  селата Бања, Соколарци, Жиганци и Тркање се уште чекат да бидат посеани со ориз. Водата од хидросистемот „Брегалница„  доцни.  Земјоделците стравуваат дека се пробиени сите рокови, а доцната сеидба ќе резултира со лош квалитет и доцна жетва..

До 25, најдоцна до 28 ако не посееме готови сме. Лани ова време овде сеевме од 10 до 14мај . Сега е 20 , видете, во полето нема вода„-вели Јордан Стефанов.

 „Досега требаше да се посее. Нивите што се посеани со вода од река Брегалница веќе се стасани за прскање, а овде абер нема. Не знам што ќе правиме „-изјави Симо Стефанов

 „Оваа година е катастрофа. . Јас имам 65години вакво доцнење на водата немало Ова е срамота што се работи, никој не презема никакви мерки. Нема водар да дојде , ниту пак раководител да дојдат да видат до каде е стасано. Никој!Никој нема!„-изјави Иван Стефанов

 Поради тоа што се доцни со наводнувањето, земјоделците се приморани неколкупати да ги преработуваат нивите, што за нив преставува дополнителен трошок.

Оваа година имам посеано 20декари и ги преорав два пати. Значи дваесет декари по 3литри на декар, тоа се 60литри нафта. Имам вложено и околу 2000евра за ѓубрива и препарати. Стојат, не можам да ги искористам„-изјави Стојче Ташовски.

Заради неисчистените канали и лошата организација, оризопроизводителите на одговорност го повикаа директорот на Водостопанство.Побараа да ги ослободат од воден надоместок, а порачаа дека правдата ќе ја барат по судски пат.

Министерството за земјоделие и Водостопанство ќе ги тужиме. Ќе бараме штетата да ни биде надокнадена. Приосите ќе ни бидат намалени за 50%, а трошковите за 100% зголемени. Тоа значи дека ние сме во катастрофална загуба„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

Сопствениците на сувите ниви договор за наводнување имат потпишано  со светиниколската подружница на Водостопанство. На официјалниот сајт е објавено дека водата од десниот магистрален канал е пуштена уште на 9мај, но зошто се уште се суви  дел каналите  е неизвестно. Пробавме да стапиме во контакт со раководителот, но нашите обиди беа неуспешни. Оризопроизводителите се заканија со протести, доколку за  шест дена не добијат вода.

Александра Ристовска