Илинденското било бугарско востание: Бугарскиот Парламент ќе го бугаризира македонското востание
Илинденското било бугарско востание. Во пресрет на втори август, партијата на Кирил Петков, големиот пријател на Димитар Ковачевски, во бугарскиот Парламент поднесе декларација, со која Бугарите сакаат да си го присвојат Илинден и да го бугаризираат ова македонско востание. Пратеникот на Преродбата Продолжува, Христо Даскалов, во своето обраќање пред Парламентот дури не ги ни спомена Македонците дека биле дел од востанието пред 120 години
-Далечната 1903-та година нашите горди дедовци востанаа против тиранијата на османлиската власт. Илинденското- Преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење. Освен Бугари учество земаат и претставницина и на други групи како Власите и Гркоманите. Нивната саможртва треба да ја пометиме, изјави Даскалов.
Кога е Македонија во прашање, сите бугарски политичари речиси секогаш се едногласни, па така случајот е и сега. Покрај од партијата на Петков, со ваквото тврдење се согласуваат и пратениците од партијата на Бојко Борисов.
-Илинденско- преображенското востание е само еден миг од таа епоха на бугарско национално осознавање и на бугарско национално ослободување. Ниту со него започна, ниту со него заврши бугарскиот пат кон слободата, изјави Тома Биков, пратеникот на ГЕРБ- СДС.
Пратеникот Ташко Јорданов од партијата Има Таков Народ на Слави Трифонов, пак ни порача дека револуционерите се бореле за присоеднување кон Бугарија.
-Не знам дали знаете, но во тоа востание, Бугарите кои живеат таму, а не Македонци или Тракијци, се обидуваат да се присоединат кон Бугарија. И не се Македонци и Тракијци, изјави Јорданов.
Од СДСМ која од позиција на власт прифати речиси се што Бугарија побара последниве години, сега ќе поднесувале резолуција во Собранието за Илинден.
-Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Она што е помалку чудно оваа декларација доаѓа од партијата на Кирил Петков, кој од средбите со нашиот премиер порачуваше дека ќе ја ставеле историјата на страна, а со Македонија ќе работеле на унапредување на економската соработка.
Матеја Петровски