Илиевски: Истрага и одговорност за издадените дипломи на Универзитетот ЈИЕ и злоупотреба во натамошното образование

Сега и веднаш, треба да се активира образовниот инспекторат кој треба да напарави опсежна истрага за издадените дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, вели за Алфа пензионираниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, откако Антикорупциска откри дека, не само синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, туку и други над 400 студенти се стекнале со спорни уверенија на овој Универзитет.

Ако не се поништат овие уверенија, бара од сегашниот министер за прадвда, Тупанчевски, да си поднесе неотповиклива оставка. Овој случај, рече, ќе биде проследен и до американската амбасада во Скопје.

Еве што кажа инспекторот.

Advertisements