Илиевски: Институциите и несоодветниот кадар се виновни за лошо спроведениот матурски испит
Македонскиот образовен систем се уништува самиот себе си, смета вишиот просветен инспектор во пензија, Ѓорги Илиевски, кој во последните матурски полагања гледа образовен криминал. Вели дека за пропустите при спроведување на испитите не се виновни учениците, туку институциите кои потфрлија.
- „Ние се наоѓаме во една сериозна образовна криза, бидејќи не се поставени правите луѓе. За вакво нешто во нормална држава министерот си поднесува оставка, директорот на Државниот испитен центар си поднесува оставка. Кај нас тоа го нема. Не се учениците криви, на учениците им било овозможено. Јас сум секогаш на страната на учениците. Ние треба да создаваме систем каде што ќе има вредност, каде што ќе не вреднуваат и надвор од Република Македонија.“ – Истакна Илиевски.
Ова следи откако вчера од медиумите беа откриени Вибер групи и до 7000 членови, наменети за препишување на матурскиите испити. Иако од државниот испит центар демантираа оти тестовите биле пробиени, во јавноста протече допис, токму од ДИЦ, во кој им порачува на одговорните лица кои ги спроведуваат тестовите дека предизвикуваат огромна штета на образовнието и ги предупредува на одговорност. Порнашениот инспектор Илиевски проблемот го лоцира во назначување несоодветен кадар на одговорни позиции, кои не ги применуваат правилниците доследно.
- „Мора да има одговорност од Државниот испитен центар, од Министерството за образование и наука, зошто не се почитува правилникот. Има правлинк, како треба, што треба. Тоа треба да биде серизно прифатено. Не може тестаторите да бидат формални. Постои сомнеж дека тестовите ги споделувале. Главниот испитен центар на ова вика, не е пробиено, туку споделено. Голема несериозност. И на Државниот испитен центар и на самите училишта каде што се формирани комисиите за матурските испити, пред се, на претседателите и тестаторите.“ – Потенцира Илиевски.
Тој решението го гледа во дигитализација на методите и системот за спроведување на матурскиот испит, со цел да се отстрани човечкиот фактор и да се минимизираат можностите за злоупотреби. За најновите случувања вели дека се незаконски и оти полагањето мора да се повтори, бидејќи во вакви ситуации страдаат оние кои навистина учеле и се обезхрабруваат во намерите да се образуваат и да останат да живат кај нас, во Македонија.
Никола Цветкоски