Изјавата на францускиот претседател е реалната слика за ЕУ интеграциите: Макрон ги урна „соништата“ на Ковачевски, Османи и Маричиќ

Неколку зборови на Емануел Макрон ги избришаа бајките на Ковачевски, Османи и Маричиќ и им покажаа дека патот кон ЕУ не е едносмарната улица, која си ја замислуваат. Убедувањата дека ни фалат само уште Бугари во Устав, за да немаме пречки на европскиот пат, се спротивни со она што го тврди највлијателниот човек во Европската Унија, францускиот претседател, кој според искажаните зборови не е за проширување на ЕУ.
Според познавачите ваквиот став на Макрон е јасен подолго време, иако македонските власти се обидуваат да не убедат во спротивното. Првиот човек на „Социетас Цивилис“ Марко Трошановски за Алфа вели проблемот е во власта, а не на Европската Унија.
-Не треба да се чудиме од каде е ова дојдено, години наназад се зборува за оваа тема. Тоа што Владата сака целосно да ја претстави европската интеграција како еднонасочен колосек е друга тема и ги игнорира, овие сигнали и импулси, се разбира од многу силни земји членки, изјави Трошановски.
Последниов период, власта не убедува дека уставните измени се она што ни фали да немаме никаква пречка во евроинтеграциите. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски за Алфа вели дека овие зборови на Макрон, покажуваат дека време е власта да размисли што зборува.
-Ќе биде добро за нив самите како личности и за партијата СДСМ, таму некој малку да мучне со главата и да им каже едноставно дека сето ова што го прават едноставно овие малтене две- три недели после гласањето на уставните измени, само ги прикажува како луѓе кои што едноставно не знаат што зборуваат, каде одат и што сакаат, изјави Боцевски.
Боцевски е на ставот дека власта треба да се разбуди и да сфати дека она во што се обидува да ги убеди граѓаните, не се вистината која ја посакуваат.
-Потребно е едно отрезнување, едно будење дека пропагандата, лагите, манипулацијата се разобличи. Ајде да разговараме искрено во Македонија, како понатаму и што ќе понудиме пред господинот Макрон кој што разговара за Европа во повеќе брзини, изјави Боцевски.
Трошановски вели дека треба да ни биде јасно дека она што Макрон го соопшти е една од глевните теми на дискусија во Унијата.
-Изјавата на Макрон е една од оние главни носечки дебати во ЕУ, како тоа треба да се случува. Мислам ние треба да сфатиме дека една од темелните членки на ЕУ, Франција е позаинтересирана за влез, за идна Европска Унија во која новите членки нема да ги имаат полноправно сите права како сите земји членки пред се во делот на ставање на вето, изјави Трошановски.
Макрон испрати не испрати позитивни пораки за земјите кои се надеваат да станат членки на Европската Унија. Според него проширувањето во моментов можеби и не опција. Вели ЕУ си има проблеми и со 27 членки, а ситуацијата нема да биде подобра доколку има 32 или 35. Најави и сценарио кое го нарече ЕУ со „повеќе брзини“, што според познавачите е сценарио каде сите земји членки нема да имаат ист статус и исто право на одлучување.
Матеја Петровски