Израел ќе продолжи да ја напаѓа Сирија и покрај пристигнувањето на рускиот систем С-300

Израел денеска соопшти дека ќе продолжи со воздушни напади врз цели на проиранските групи на сириска територија и покрај тоа што Русија на Сирија достави противвоздушен рекетен систем С-300.

– Не можам да кажам дека се радуваме на пристигнувањето на системот С-300 во Сирија, но Израел нема избор и мора да ги штити своите животно важни интереси и не може да прифати никакви компромиси, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

Русија реши да ја снабди Сирија со ракети С-300 по инцидентот во кој сириската противвоздушна одбрана собори руски авион со 15 офицери во него, мислејќи дека се работи за израелски ловец.

Израелците ракетираат позиции на проиранските групи, како Хезболах, кои дејствуваат во Сирија и кои повремено лансираат ракети кон Израел. Израел стравува дека Иран ќе продолжи да врши напади врз израелска територија од Сирија користејќи се помодерно оружје.

– Кога ќе добиеме прецизни информации за некаков обид да се префрли оружје од Иран во Сирија или од Сирија во Либан, ние ќе дејствуваме, изјави Либерман.