Изостануваат реформите за ”заробеното судство”

Мали реформи, по некое разрешување на судии и се уште голем степен на заробеност во судството и судските процеси, велат аналитичарите.

Еден од најактуелните случаи во моментот е судењето за 27ми април, кое е проследено со многу скандали. Маратонските судења, отстранувања на јавноста, казни за адвокатите се само дел од настаните кои ги окарактеризираа овие судски рочишта. Судиката Маргарита Цаца Николовска за ваквите случувања вели дека секој судија треба аргументирано да ги образложи своите одлуки.

За текот на рочиштата за 27 април се осврна и поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски кој вели дека постапката не е добро поставена и не се презентирани сите докази.

Судството во целина и нема баш најдобри оценки, иако на чело на советот за реформи во судството е токму премиерот Зоран Заев, кој заедно со уште 22 судии и експерти треба да ја поправат  состојбата во судството која според повеќето извештаи, меѓу нив и на ЕК  е далеку од задоволителна.