Изменет сообраќаен режим на делницата Катланово-Велес во двата правци

Изменет сообраќаен режим денеска и утре ќе има на делницата Катланово-Велес, пред наплатната рампа Сопот и на делницата Велес-Катланово, после наплатната рампа Отовица.

Изменетиот сообраќаен режим, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија повикувајќи се на „Виадукт трејд“, е поради изведување градежни активности.