Измамите на интернет сериозен проблем: Расте бројот на граѓаните кои се жалат

Расте бројот на граѓани кои се жалат на измами при купување на социјалните мрежи. Тврдат дека често пати се мета на измами, но тоа го разбираат најчесто откако пратката ќе ја платат.  Најголем дел од поплаките се должат на лошиот квалитет, расипаните производи , но најчеста измама е koga порачаш едно, а стигнува сосем друго.

Зедовме една јакна. На сликата едно, а ни стаса сосем друго . Снаата еднаш ја испра и толку, заникаде стана„-вели штипјанка.

Дека бројот на измамени граѓани најмногу преку социјалната мрежа „Фејсбук„ е огромен потврдуваат и од Организација за заштита на потрошувачите. Само во 2021 имале над 2500претставки. 90% од страните се нелегални, односно не се регострани во Централен регистер. Ова е сериозен проблем за потрошувачите бидејќи нема каде да се пожалат, затоа што немат никаков документ, а страната или профилот по направената порачка се гаси.

 Изјава-Маријана Лончар Велкова-Организација на потрошувачи

  „Најголем дел од предметите за он лајн продажба се однесуваат за измами преку Фејсбук. Граѓаните не можат доколку не им се допаѓа предметот нели овде имате рок од 15дена да го вратите доколку текстилниот производ е оштетен, додека во он лајн немаме таква можност. Веднаш се затвара профилот, не постои. Се продаваат дури нутрибулити и се создава впечаток дека е тоа легална продавница, но после тоа ја нема„ вели Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ.

Најбезбедно според граѓаните е да се купува од физички продавници или да се овозможи прво да се отвори пратката, па потоа да се плати..

Треба прво да се виде пратката, па после да се плати. Сведоци сме дека многу граѓани се жалат и се незадоволни од тоа што им стигнува„ вели друг штипјанец.

Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. И во последниот извештај за платежна статистика објавен од  Народната банка се забележува годишен раст од 59% во он лајн трансакциите . Вкупната вредност во 2021 изнесува 437милиони евра , од кои 335,3милиони евра отишле кај македонските  он лајн трговци.

Александра Ристевска

Advertisements