Изложба посветена на американската забавка индустрија

Од познатите браќа и циркусот Барнум и Бејли од крајот на 19 век до денешните холивудски блокбастери, на новата изложба „Национална забава“ што беше отворена во Националниот музеј за американска историја на институцијата Смитсонијан прикажува како забавната индустрија го обликувала американското општество повеќе од 150 години. 

„Прв пат музејот ги спои нашите збирки на музиката и спортот, Бродвеј, телевизијата и филмот во збир на конверзација. Овие збирки го покажуваат богатството и сложеноста на тоа како сме се забавувале, што сме слушале, како ни било кажано како да постапуваме, како ни било кажано како да бидеме и како сме се спротивставиле на некои од стереотипите…”, вели директорката на музејот Антеа Хартиџ.

Овие чевли ги носеше актерката Џуди Гарланд додека нејзината Дороти го следеше патот во „Волшебникот од Оз“. Ова, пак, е необичниот костум кој актерката Елизабет Мос ја носеше во популарното шоу „Приказната на слугинката“. Тука е и штитот на суперхеројот на Марвел, Капетан Америка, и костумот што го носеше ТВ-водителката Елен Деџенерис кога го доби Претседателскиот медал на слободата.

Актерката Зои Кравиц го носеше овој црн фустан на церемонијата на доделувањето на наградите Златен глобус во 2018 година – во знак на солидарност со движењето #Ми ту – во знак на протест против сексуалното вознемирување. А, актерката Хали Бери го облече овој костим во филмот „Икс Мен: Денови на идното минато “ од 2014 година, станувајќи една од првите афроамерикански актерки што глумела суперхерој. 

„Имаме некои од нашите омилени предмети, омилени предмети на на нашите фанови, но и предмети од историјата на забавата што луѓето не ги виделе!“, вели кураторот Кристал Клингерберг.

Дел од изложбата е посветен на легендарните спортисти. Овде, посетителите можат да ја видат облеката на Мухамед Али; фустанот што го носеше тениската ѕвезда Били Џин Кинг во 1973 година кога победи во мечот „Битката на половите“ против Боби Ригс; и лизгалките на Кристи Јамагучи, која освои златен медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во 1992 година.

Друг дел од изложбата е посветен на улогата на жените во научната фантастиката.

„Сакавме да ја прославиме улогата на жените во научната фантастика и фантастичните програми, особено затоа што во минатото овој жанр беше доминантен само за мажите, вели Ерик Џентш, куратор за забава и спорт.

Изложбата, исто така, прикажува фотографии од Ричард Аведон кои ги овековечиле Чарли Чаплин, Хемфри Богарт, Луис Армстронг, Џуди Гарланд и Боб Дилан.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

Advertisements