НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изложба на фотографии – Последниот татнеж во Еврејското Маало

Утре со почеток во 20 часот на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашно Еврејско Маало, по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското Маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“.Изложбата се состои од 14 паноа на кои преку фотографии е претставен животот во Скопје и скопското Еврејско маало пред земјотресот, веднаш по катастрофата и почетоците на создавањето на модерно Скопје. Мал дел од фотографиите се од архивската документација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а поголемиот број се создадени од Рафаел Алтарас и добиени на подарок од неговиот син, за Фондот на холокаустот.Изложбата се одржува по повод одбележувањето на 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на македонските Евреи и ќе биде поставена во изложбениот салон на вториот кат во Меморијалниот центар. Заинтересираните граѓани ќе можат да ја посетат изложбата до 31 август, а влезот е слободен.