Изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн – современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер да и се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите кои ги изработиле во текот на студирањето.

Свеченото отворање на изложбата ќе биде утревечер со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер Зоран Трпоски и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни 2019 година.