Изгор цени на горивата, нафтените компании прават милиони

Зголемените цени и побарувачката ги збогати македонските нафтени компании и тоа 4-кратно. ОКТА, Макпетрол и Супетрајд лани заработиле 45 милиони евра, а овие три компании спаѓаат и во најуспешни и најголеми компании и според податоците на Клубот 200.

Окта минатата заработила 18,9 милиони евра бруто добивка за разлика од 2020 година кога во ек на пандемијата заработила 12,8 милиони евра бруто добивка. Акционерското друштво во првиот квартал годинава заработила скоро двојно повеќе или бруто добивка од 10,2 милиони евра, што е за 5,6 милиони повеќе од истиот период минатата година. Оперативната добивка во првите три месеци од годинава изнесува речиси 7,9 милиони евра, што е за 5,2 милиони евра повеќе од лани.

4 кратно повисока била заработката на Макпетрол за 2021 во споредба со 2020 година. Според Регулаторната комисија за енергетика и добивката за лани изнесувала 22 милиони евра.

Супертрејд за 2021 во Централниот регистар пријавил нето добивка од 3,2 милиони евра што е двојно повеќе од претходната година.

Растот на цените на горивата во ек на нафтена криза секако падна на грбот на граѓаните. Ако Еуросупер 95 пред точно еден месец чинеше 90,5 денари денеска се точи по рекордна цена од 110. На дизелот пак од почетокот на јуни до денес, цената по порасна за 18,5 денари. Па затоа не ретка беше сликата од огромни редици по бензинските станици.  

Историски највисоките цени на горивата следуваа откако Владата не ги продолжи мерките за намалување на ДДВ, од 18 на 10 проценти и ја врати старата методологија за пресметка на акцизата.  

Викторија Миткова

Advertisements