Изгаснати пожарите во Велешко

Доцна синоќа околу 21 часот целосно беше изгаснат големиот шумски пожар во близина на Богомила и спасен манастирот кај месноста Неделна Вода.

Во гаснењето на овој пожар, кој избувна вчера претпладне, а во кој гореа високи смреки и трња, беа вклучени пожарникари од ТППЕ од Велес и доброволното пожарникарско друштво „Видра“ од Велес, од месното население од Богомила и од ШС „Бабуна“.

МИА