Извлечени двојките за 1/16-финалето на Купот на Македонија

Во просториите на ФФМ денеска се одржа ждрепката за првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија.

Од поинтересните двојки, Шкендија ќе игра на гостински терен против Гостивар, додека Вардар излегува против Саса на гости во Македонска Каменица, Работнички ќе се соочи со Влазрими, а се очекува добар меч и помеѓу Кит Го-Пелистер.

Дуелите се играат само еден натпревар и подобриот оди во 1/8-финалето. Доколку мечот заврши без победник, веднаш се пристапува кон изведување на пенали.

На старотот од ова натпреварување слободни се минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Академија Пандев.

Титулата ја бранат „пандевци“, кои во минатогодишното финале славеа по изведувањето на пеналите.

Првите натпревари од Купот на Македонија се закажани за 21 август.

Куп на Македонија, 1/16 финале:

Фортуна-Силекс
Кожуф-Ренова
Саса-Вардар
Охрид-Беласица
Кравари-Лабуништа
Гостивар-Шкендија
Осогово-Победа
Кит Го-Пелистер
Црнилиште-Брегалница
Влазрими-Работнички
Љуботен-Тиквеш
Превалец-Борец
Локомотива-Струга Трим Лум.